Фото: Portland Trail Blazers

ВИДЕО: Лејкерс не можат без Дончиќ, Мајами славеше над шампионот

Мајами Хит ѝ стави крај на победничката низа на актуелниот НБА-шампион Оклахома славејќи со 122-120 во исклучително драматичен финиш. Херој за Мајами беше Ендру Вигинс, кој погоди тројка за водство на 30 секунди пред крајот.

„Громовите“ добија две можности да се спасат од пораз, Чет Холмгрен најпрво не успеа да реализира забивање по додаввање од Алекс Карузо, а потоа и самиот Карузо промаши шут за три поени на три секунди до крајот.

Бам Адебајо беше моторот на Мајами со 30 поени и 12 скока, притоа погодувајќи дури шест тројки што е негов личен рекорд во кариерата. Норман Пауел уфрли 19 поени, Пеле Ларсон 16, додека Вигинс натпреварот го заврши со 15. Кај Оклахома, Шеј Гилџис-Александар блескаше со 39 поени, продолжувајќи ја импресивната серија од 113 последователни натпревари во регуларната сезона со најмалку 20 поени.

Во меѓувреме, кризата кај ЛА Лејкерс станува сѐ поочигледна. „Езерџиите“ го запишаа и четвртиот на последните пет натпревари, овојпат убедливо поразени од Портланд  со 132-116. Без Лука Дончиќ, Лејкерси паднаа на шестото место на табелата.

Шејдон Шарп беше најзаслужен за триумфот на Портланд со 25 поени и неколку клучни потези во завршницата, додека Џереми Грант и Кејлеб Лав додадоа по 22 поени. Блејзерси, кои се во одлична форма, победија на седум од последните девет средби.

Кај Лејкерси, Маркус Смарт постигна 25 поени, но поради проблеми со движењето го напушти теренот во четвртата четвртина и не се врати во игра. Леброн Џејмс забележа 20 поени, 9 скока и 8 асистенции, а Дру Тим придонесе со 21 поен од клупата. Дончиќ, кој сезонава бележи просек од 33,6 поени, не настапи поради болка во препоните, а тренерот Џеј Џеј Редик откри дека магнетната резонанца е во ред и дека неговото отсуство е од превентивен карактер.

Лејкерси настапија и без Деандре Ејтон, кој се рехабилитира од повреда на коленото, додека Портланд повторно беше без најдобриот стрелец Дени Авдија, кој поради проблеми со грбот го пропушти третиот меч по ред.

РЕЗУЛТАТИ: Далас – Јута 138-120, Атланта – Бостон 106-132, Детроит – Индијана 121-78, Њујорк – Феникс 99-106, Мајами – Оклахома 122-120, Сан Антонио – Минесота 126-123, Голден Стејт – Шарлот 136-116, Денвер – Вашингтон 121-115, Портланд – ЛА Лејкерс 132-116.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот