ВИДЕО: Легенда на Манчестер јунајтед на 39 години даде гол и направи салто
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Луис Нани повторно ја воодушеви фудбалската јавност со својата препознатлива акробатска прослава, откако се запиша во листата на стрелци настапувајќи во британската Балар лига.
Препорачано
Поранешниот португалски репрезентативец, кој во минатото настапуваше рамо до рамо со Кристијано Роналдо и во клубот и во националниот тим, се врати во Англија за да заигра во натпревар „шест на шест“. Со тоа покажа дека и понатаму поседува остар реализаторски инстинкт, но и акробатски способности по кои стана препознатлив.
Нани на „Олд Трафорд“ пристигна во 2007 година од лисабонски Спортинг, следејќи ја патеката на својот сонародник Роналдо. Во дресот на „црвените ѓаволи“ помина осум сезони, забележа 230 настапи и постигна 40 голови. Со своите настапи тој даде придонес во освојувањето на четири титули во Премиер лигата и трофејот во Лигата на шампионите под водство на Сер Алекс Фергусон.
По заминувањето од Манчестер, Нани ја продолжи кариерата во Турција, Шпанија, Италија и Австралија, а помина и три сезони во МЛС-лигата, каде што настапуваше за екипата на Орландо Сити.
Nani shows off his iconic celebration after scoring at Baller League 🤩💥 pic.twitter.com/aHPqiuXn4b
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) January 11, 2026


