ВИДЕО | Леброн се врати, но Лејкерс поразени од Чикаго, Мемфис реди победи
Во најсилната кошаркарска лига, НБА изминатата вечер, Бостон беше убедлив на домашен терен против Сан Антонио со 137:93 и сега има само победа помалку од лидерот на Истокот, Милвоки.
Препорачано
Одличен натпревар за Бостон против Сан Антонио одигра Џејлен Браун постигнувајќи 41 поен и 13 скока. На спротивната страна најефикасен беше Зек Колинс со 21.
Леброн Џејмс се врати на теренот по повреда, но неговиот Лејкерс загуби од Чикаго со 118.108. Чикаго игра во добра форма и со овој триумф стигнаа до седмата победа на последните девет натпревари, додека Лејкерс не успеаа да ја продолжат мини-серијата од три победи во низа. Леброн во својот повратнички натпревар постигна 19 поени. За Чикаго Зак Лaвин беше најефикасниот со 32 поени.
Мемфис на гостински терен беше подобар од Атланта со 123:119 и така стигна до шестиот триумф во низа во НБА лигата. Првата ѕвезда на Мемфис, Џа Морант по суспензијата се врати во тимот и постигна 27 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Атланта – Мемфис 119:123
Бостон – Сан Антонио 137:93
Кливленд – Хјустон 108:91
Орландо – Бруклин 119:106
Торонто – Вашингтон 114:104
Портланд – Оклахома 112:118
Голден Стејт – Минесота 96:99


