ВИДЕО | Крај на една ера: Игуаин на емотивна прес-конференција објави крај на кариерата!

Фото: Screenshot

Славниот аргентински голгетер Гонзало Игуаин во солзи соопшти дека става крај на својата богата кариера.

Денес, како играч на МЛС тимот Интер Мајами Игуаин на прес-конференција ја соопшти одлуката да заврши со професионалното играње на фудбал на крајот од актуелната сезона во САД. На прес-конференција покрај новинарите присуствуваа неговите соиграчи, пријатели и семејството, па беше навистина емотивно.

Игуаин така ја игра последната сезона, а потоа ќе се впушти во други авантури, засега напаѓачот не најави какви се неговите планвои за во иднина.

„Кога ќе помислам со кои играчи сум играл во кариерата се ежам, не ми се верува што постигнав и до кај стигнав. Играв со Роберто Карлос, Роналдињо спроти мене…Ова беше кариера и патување за какво што сонував“, низ солзи зборуваше Игуаин.

Игуаин е еден од малкумината кои можат да се пофалат дека играле и со Роналдо и Месо, беше соиграч и со бразилскиот Роналдо. Пред да го облече дресот на Интер Мајами настапуваше за Милан, Челзи, Јувентус, Наполи, Реал Мадрид и Ривер Плата.

Сезонава  во МЛС-лигата има одиграно 26 натпревари и 14 постигнати голови. За репрезентацијата на Аргентина има одиграно 75 натпревари со 31 постигнат гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот