ВИДЕО | Костиќ Марковиќ: Македонија е земја на фестивалите, за мене е непојмливо комерцијални настани да бараат средства од државата

Бранка Костиќ Марковиќ
Бранка Костиќ Марковиќ / Утрински брифинг

Бранка Костиќ Марковиќ, магистер по етномузикологија, е член во Комисијата на Министерството за култура за доделување средства од Годишната програма во областа на музиката. Годинава се продолжи со спроведување на критериумите што ги воспостави Министерството за култура, но незадоволни повторно има.

-Од минатата година работите почнаа да се средуваат, а мене ми е предизвик да направам нето добро за мојата фела. Уметниците сакаат ова формализирање да го наречат бирократија, но не е така, ова е за нивно добро бидејќи се создава систем со јасни мерила и критериуми, вели Костиќ Марковиќ.

За проекти во областа на музиката се пријавуваат најразлични проекти, од опери, до мјузикли, настапи на ди-џеи, рецитали и слично. Некои сметаат дека државата треба да ги финансира културните работници, но потребно е да се финансираат проекти, а не луѓе.

-Некои уметници не разбираат што е одбивање, а што е отфрлање. Се отфрлаат проекти кои немаат соодветна документација, вели Костиќ Марковиќ.

Дали проектот е иновативен, дали има континуитет и слични параметри се дел од критериумите за доделување средства од Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес. Секој проект треба да го премине прагот од 51 бод за да влезе во моност да биде финансиран, но се фаворизираат иновативните проекти, појаснува Костиќ Марковиќ.

-Македонија е земја на фестивалите и за мене е непојмливо комерцијални настани да бараат средства од државата, а ништо да не придонесат, вели Костиќ Марковиќ.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот