ВИДЕО | Констракта за спорните фотографии: Можеби сум игнорантна, но не знаев за буквата Z

Констракта
Констракта за време на гостувањето во поткастот„Agelast“ / Фото: Инстаграм, „Agelast“

Српската кантавторка и пејачка Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, гостуваше во популарниот поткаст „Agelast“ и зборуваше за спорните фотографии кои РТС ги објави на православниот Велигден.

Имено, се работи за фотосесија на која Констракта позира во близина на две мали масички во форма на латиничната буква Z, нешто што многумина го препишаа на т.н. скриена поддршка за Владимир Путин.

Како што вели пејачката, масичките сосема случајно ја добиле формата на буквата Z, бидејќи сакале да постигнат одредена симетрија на фотографиите.

„Сакаме симетрија? Аха, имаме тука две масички, кои се лоша копија на столиците на (Герит) Ритвелд, и уште многу други предмети, некои јајца, некои садови за миење… но, ништо не беше испланирано во тој момент.

Можеби сум игнорантна, но во тој момент не знаев за буквата Z во таков контекст. И се случи фотографијата на која има сешто.

Иако на моменти е застрашувачка и количината на омраза и количината на обожавање која ја добивме, на крајот ми беше забавно“, објасни Констракта.

ФОТО | Констракта мета на критики поради велигденската честитка: Избришете ја објавата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот