ВИДЕО: Кој е најубав, ова се кандидатите за гол на годината

twitter/uefachampionsleague

Светската фудбалска федерација на 17. декември покрај фудбалерот на годината, ќе го прогласи и голот на годината кој наградата ја носи по легендарниот Унгарец, Ференц Пушкаш.

ФИФА ги одреди финалистите кои ќе се борат за ова признание, првиот кандидат е Уругваецот Де Араскаета кој игра за бразилскиот Фламенго. Тј на напреварот против Сеара постигна гол со ножички од ивица од шеснаесетникот.

Вториот финалист е Хјонг-Мин Сон кој игра фантастично оваа сезона и е најдобар стрелец во Премиер лигата. Сон минатиот декември во натпреварот против Барнли постигна неверојатен гол откако тргна од својот гол, ги претрча и измами своите ривали пред да ја затресе мрежата.

Последниот финалист е Луис Суарез кога како играч на Барселона на натпреварот против Мајорка постигна гол со пета.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот