Фото: Виктор Вембањама/San Antonio Spurs

ВИДЕО | Кога Вемби е на теренот, Сан Антонио нема проблеми – само победа ги дели од конференциско финале

Кошаркарите на Сан Антонио изминатата вечер на домашен терен ја совладаа Минесота со убедливи 126:97 и поведоа со 3:2 во полуфиналната серија од плејофот на Западната конференција во НБА-лигата.

Најзаслужен за победата на Сан Антонио беше Виктор Вембањама, кој натпреварот го заврши со 27 поени, 17 скока, пет асистенции и три блокади. Одлична поддршка имаше и од Келдон Џонсон со 21 поен, Деарон Фокс со 18 и Стефон Касл со 17 поени.

Кај Минесота, Ентони Едвардс, кој во првото полувреме беше запрен на само осум поени, мечот го заврши со 20 поени. Џулиус Рендл и Џејден Мекдениелс постигнаа по 17 поени.

Сан Антонио во првото полувреме имаше и предност од 18 поени, но Минесота третата четвртина ја отвори со серија 14:2 и израмни на 61:61. Сепак, домашниот тим брзо ја врати контролата и до крајот на третата четвртина повторно стигна до плус 18 (91:73), по што во последниот период не дозволи пресврт.

Сега Сан Антонио е на само една победа од финалето на Западната конференција, каде веќе се пласира Оклахома, која со максимални 4:0 ги елиминира Лејкерси. Шестиот натпревар ќе се игра ноќта меѓу петок и сабота во Минеаполис.

ВИДЕО | Вемби исклучен по четири минути, Минесота израмни против Сан Антонио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот