Фото: Screenshot

ВИДЕО | Вемби исклучен по четири минути, Минесота израмни против Сан Антонио

Виктор Вембањама беше исклучен по само четири минути игра, со што на некој начин ѝ „помогна“ на Минесота да стигне до победа од 114:109 во текот на изминатата ноќ. Со ова, Минесота ја израмни серијата на 2:2, иако малкумина очекуваа таков развој ако се земе предвид колку повредени играчи има тренерот Крис Финч.

Вембањама во борба за топка со лакт го удри Наз Рид во лицето, а по прегледувањето на снимката судиите проценија дека има елементи за исклучување.

Без него на паркетот, малкумина веруваа дека Сан Антонио може да остане конкурентен, но тимот сепак одигра солиден натпревар и загуби дури во драматична завршница. Најголем придонес дадоа бековите, Диарон Фокс и Дилан Харпер постигнаа по 24 поени, додека Стефон Касл додаде уште 20. Сепак, недостасуваше препознатливата дефанзивна сигурност што Спарс ја имаат кога Вембањама е под кошот.

Минесота ја предводеше Ентони Едвардс со 36 поени, Наз Рид уфрли 15, Џејден Мекдениелс додаде 14, а двоцифрен ефект имаа и Џулиус Рендл со 12, Руди Гобер со 11 и Ајо Досунму со 10 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот