Никола Јокиќ/Screenshot

ВИДЕО: Кога нема каде – Јокиќ шутира тројка и погодува

Српскиот центар Никола Јокиќ го предводеше Денвер нагетс до убедлива победа над Бостон селтикс од 103-84, а на самиот старт од овој дуел постигна и еден кош во негов стил од тешка позиција.

Во завршницата на еден напад се најде буквално во аголот од теренот, во навидум безизлезна позиција. Наместо да ја врати топката, се сврте кон кошот и со шут од една нога погоди тројка што ја крена публиката на нозе.

Неговите поени донесоа воодушевување во салата, додека Јокиќ мирно и без многу емоции веднаш се врати во одбрана, како да станува збор за најобичен кош.

ВИДЕО: Бостон немаше никакви шанси, Јокиќ со уште еден дабл-дабл го водеше Денвер до победа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот