Фото: Los Angeles Lakers

ВИДЕО: Кога Дончиќ игра во МВП форма не е потребен ниту Леброн, Лејкерс редат победи

Словенечкиот ас Лука Дончиќ повторно блескаше и ги водеше неговите Лејкерс до седмата победа во низа.

Дончиќ беше незапирлив и уфрли 34 поени во триумфот над Њу Орлеанс пеликанс со 133-121, а само во првата четвртина постигна импресивни 20 поени. Покрај тоа, запиша и 12 скока и седум асистенции, уште еднаш потврдувајќи ја својата феноменална форма.

Ова е 13. победа за Лејкерс во последните 15 натпревари. Поддршка за Дончиќ дадоа и Остин Ривс со 33 поени и осум асистенции, како и Деандре Ајтон кој придонесе со 22 поени и 12 скока. Леброн Џејмс беше надвор од составот поради оток на левото стапало, но неговото отсуство речиси и да не се забележа поради одличниот настап на Дончиќ.

Тој моментално е најдобар стрелец во НБА со просек од 35 поени по меч и четврти по асистенции со 9,2. Натпреварот против Пеликанс беше негов шести по ред со најмалку 30 поени. Лејкерс се искачија на второто место во Западната конференција со биланс 15-4, зад актуелниот шампион Оклахома сити тандер, која доминира со неверојатни 20-1. Калифорнискиот тим е убедлив и во НБА Купот, каде што го освои првото место во Групата Запад Б.

РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Бостон 115-117
Њујорк – Торонто 116-94
Филаделфија – Атланта 134-142
Портланд – Оклахома 115-123
Минесота – Сан Антонио 125-112
Сакраменто – Мемфис 107-115
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 133-121

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот