ВИДЕО | Кобна грешка која одзеде пет животи: Откриена причината за имплозијата на подморницата „Титан“
Подморницата Титан на компанијата „Оушн Гејт“ имплодирала за време на пловидбата кон остатоците од Титаник поради лош инженеринг и повеќекратни неуспеси во тестирањето на пловилото, се наведува во официјалниот извештај на американските власти.
Препорачано
Американската Национална агенција за безбедност во сообраќајот утврдила дека инженерскиот процес при изработката на пловилото бил „неадекватен“, што довело до грешки кои предизвикале неисполнување на основните барања за цврстина и издржливост, пренесува „Би-би-си“.
Исто така компанијата не го тестирала соодветно „Титан“, поради што не била свесна за неговата вистинска структурна цврстина.
Дополнително, не било познато дека подморницата веќе била оштетена и дека требало да биде повлечена од употреба пред последното патување, се наведува во извештајот.
„Титан“ имплодирал во јуни 2023 година, во северниот дел на Атлантскиот Океан, додека се обидувал да нурне до остатоците на Титаник. Во несреќата загинаа сите пет патници, меѓу кои и извршниот директор на компанијата, Стоктон Раш, пренесува „Би-би-си“.


