ВИДЕО: Клиперси се газди во Лос Анџелес
Градската пресметка во Лос Анџелес, Клиперси во 105:102 ги совладаа Лејкерси. Првото полувреме им припадна на Клиперси,но Лејкерси во третата четвртина која ја добија со 15:31 се вратија во игра. Во последната четвртина, во неизвесна завршница Клиперси со поени од линијата за слободни фрлања на две секунди до крајот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Дури седум кошаркари на ЛА Клиперс постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Теренс Мен со 19 поени и 10 скокови. Кај Лејкерси се истакнаа Леброн Џејмс со 21 поен и 11 скокови и Расел Вестбрук и Кармело Ентони кои дадоа по 18 поени.
Јута џез со 114:109 го совлада Далас маверикс. Донован Мичел ја предводеше Јута со 33 поени, Бојан Богдановиќ даде 18 поени, а Руди Гобер оствари дабл-дабл од 14 поени и 17 скокови. Кај Далас најрасположен за игра беше Лука Дончиќ со 23 поени и 11 асистенции.
Џејмс Харден со победа дебитираше за Филаделфија отако неговиот тим беше подобар од Минесота со 133-102. Харден постигна 27 поени на кои додаде и 12 асистенции и 8 скока, додека Џоел Ембид постигна 34 поени и имаше 10 скока.
Њу Орлаенс стави крај на серијата од осум победи по ред Феникс откако славеше со 117-102. Меколум го предводеше својот нов тим со 32 поени, додека Букер постигна 30 поени за „сонцата“.
Резултати:
Шарлот – Торонто 125:93
Индијана – Оклахома сити 125:129
Орландо- Хјустон 119:111
Вашингтон – Сан Антонио 153:157
Њујорк – Мајами 100:115
Минесота – Филаделфија 102:133
Феникс – Њу Орлеанс 102:117
Јута – Далас 114:109
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 102:105


