ВИДЕО | Ким Џонг Ун репетираше пушка пред белорускиот лидер Лукашенко
Белорускиот претседател Александар Лукашенко размени подароци со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговата официјална посета на Пјонгјанг. Подароците вклучуваа оружје, златни предмети но и уметнички дела.
Препорачано
Севернокорејскиот лидер му подари на белорускиот претседател Лукашенко меч и голема вазна украсена со школки во традиционален стил. Меѓу подароците се најде и комеморативна златна монета, искована во чест на посетата на белоруската делегација на Пјонгјанг.
Lukashenko gifted Kim Jong Un a rifle “in case enemies show up.” pic.twitter.com/dqhQy82xt7
— Clash Report (@clashreport) March 26, 2026
Од друга страна Лукашенко на севернокорејскиот лидер му возврати со подароци од Белорусија, вклучувајќи локални прехранбени производи како што се чоколадо, белоруски слатка но и црн леб.
Специјален подарок за севернокорејскиот лидер беше автоматска пушка од типот ВСК која Лукашенко му ја подари.
„На еден војник секогаш ќе му треба огнено оружје“, рече Лукашенко, истакнувајќи дека Белорусија произведува сопствено мало оружје и муниција.
Ким Џонг Ун покажа интерес за пушката, му се заблагодари, внимателно ја провери и праша за нејзините карактеристики истовремено обидувајќи се да ја репетира.
„Точно така! Ким Џонг Ун знае како да ракува со оружје“, коментираше Лукашенко.
Инаку, Белорусија и Северна Кореја потпишаа договор за „пријателство и соработка“, продлабочувајќи го сојузот меѓу двата авторитарни режими кои се спротивставуваат на Западот и изразувајќи поддршка за војната на Русија во Украина. Белорускиот претседател Александар Лукашенко се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Пјонгјанг за време на дводневната официјална посета, известија медиумите.


