ВИДЕО: Кенард со тројка во последните стотинки донесе победа за Лејкерс, Леброн урна нов рекорд
Леброн Џејмс испиша нова страница во историјата на НБА лигата, одигрувајќи го својот 1.612-ти натпревар во регуларниот дел од сезоната и со тоа постави рекорд, а до него дојде во натпревар во кој Лејкерс славеа победа над Орландо од 105-104.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Херој на вечерта беше Лук Кенард, кој погоди тројка на само 0,6 секунди до крајот и им донесе нов триумф на „езерџиите“. Тимот од Лос Анџелес направи голем пресврт и во моментов изгледа незапирливо, влегувајќи во серија на одлични резултати.
Голем придонес повторно имаше и Лука Дончиќ, кој постигна 33 поени во деветтата последователна победа на Лејкерс. Сепак, словенечкиот кошаркар доби 16-та техничка грешка сезонава, што автоматски носи суспензија од еден натпревар доколку одлуката не биде поништена.
Од друга страна, Џејмс натпреварот го заврши со 12 поени, шест скока, четири асистенции и три украдени топки, со што го надмина долгогодишниот рекорд на Роберт Периш.
Во драматичната завршница, Паоло Банкеро му го блокираше шутот на Џејмс на 4,7 секунди пред крајот, испраќајќи ја топката во аут. По видео-проверката беше утврдено дека топката не го напуштила теренот од нога на Џејмс, па поседот остана кај Лејкерс. Следуваше акција во која Маркус Смарт асистираше до Кенард, кој со ладнокрвен шут го реши победникот.
За Орландо ова беше четврти последователен пораз, што не е добар сигнал во пресрет на завршницата од сезоната.
LUKE KENNARD HITS THE GO-AHEAD 3 TO WIN IT FOR THE LAKERS 🚨
LOS ANGELES HAS WON 9 GAMES IN A ROW! pic.twitter.com/1kZR6dsqQk
— NBA (@NBA) March 22, 2026


