ВИДЕО: Кејн со историски рекорд во „петардата“ на Баерн Минхен

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Фудбалерите на Баерн Минхен ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Дармштад со 5:2 во рамките од 26 коло во Бундес лигата.

Поведоа домаќините со голот на Скарке во 28 минута, а израмнувањето се случи во 36 минута со погодокот на Мусиала.

Непосредно пред паузата за 2:1 предност на баварскиот гигант се погрижи Кејн (45+1`). Англичанецот воедно постави рекорд, односно стана првиот играч со 31 реализиран гол во неговата дебитантска сезона во Бундес лигата.

Исто така 31 гол за Кејн е најдобар учинок во една лигашка сезона – надминувајќи го билансот од 30 премиерлигашки погодоци кога го носеше дресот на Тотенхем.

Мусиала во 64 минута ја зголеми позитивата на Баерн во 64 минута, а за 4:1 се погрижи Гнабри во 74 минута. Во листата на стрелците за клубот од Минхен се запиша и Тел (90+3`), а пред крајот на мечот домаќините постигнаа уште еден гол преку Вилхелмсон (90+5`).

На табелата Баерн е второпласиран со 60 бодови, седум помалку од водечкиот Баер Леверкузен кој има меч помалку. Дармштад е на последната 18 позиција со 13 бодови.

Во другите денешни мечеви: Хејденхајм – Б. Менхенгладбах 1:1, Мајнц – Бохум 2:0, Унион Берлин – Вердер Бремен 2:1 и Волфсбург – Аугсбург 1:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот