ВИДЕО: Казна за лошите резултати, фудбалерите на Хајдук сами ќе си ја чистат соблекувалната

epa08694910 Hajduk Split players react after the UEFA Europa League third qualifying round soccer match between Galatasaray and Hajduk Split in Istanbul, Turkey, 24 September 2020. EPA-EFE/SEDAT SUNA

Поранешниот хрватски шампион Хајдук Сплит повторно има очаен старт на сезоната и никако да излезе од сенката на Динамо Загреб кој владее во хрватскиот фудбал.

За тоа каква е состојбата во Хајдук најдобро отсликува ситуацијата од вчерашниот натпревар од хрватскиот шампионат против Осијек кога двајца фудбалери на „билите“ се расправаа кој да го изведе пеналот во финишот од натпреварот.

Жаиро и Хради се буквално се искараа за тоа кој да го шутира пеналот, Хради ја зеде топката но му беше одземена од соиграчот. Сепак Хради не се откажа од намерата тој да го изведе ударот од белата точка во 90. минута и на крајот го промаши пеналот, а средбата заврши без победник 1:1.

Со ремито Хајдук ја прекина серијата од три порази од Горица, Шибеник и Истра, но се наоѓа на разочарувачкото седмо место со само 11 бода, дури 15 помалку од лидерот Динамо Загреб.

За казна поради лошите резултати, новиот претседател Лукша Јакобушиќ им нареди на фудбалерите да си го чистат својот дел од соблекувалната и таа пракса ќе остане се додека не се подобрат резултатите и позицијата на табелата.
– Додека сте седми, сами ќе си чистите, а кога ќе се поправите – работите ќе се вратат на старо – изјави Јакобушиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот