Kaљари - Рома/Cagliari Calcio

ВИДЕО: Каљари по десет натпревари без победа ја изненади Рома

Каљари приреди големо изненадување во 14. коло од Серија А, совладувајќи ја Рома со минимални 1-0 и прекинувајќи ја својата црна серија од десет натпревари без победа.

Првото полувреме мина мирно и без посериозни шанси на двете страни. Сепак, ситуацијата се промени на стартот од вториот дел, Рома остана со играч помалку во 52. минута по директниот црвен картон на Челик, што му го отвори патот на Каљари.

Тимот од Сардинија ја искористи играчката предност дури во 82. минута, кога Гаетано по корнер го постигна единствениот и решавачки гол.

За Рома, која моментно е четврта на табелата, ова е втор последователен пораз, откако во претходното коло загуби од Наполи со идентични 1-0.

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот