ВИДЕО | Каква случајност: Го фатила дечкото како ја изневерува додека пребарувала на Гугл Мапс

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Џулијана Лима од Бразил објавила видео на TикТок во кое објаснува како го фатила своето момче како ја изневерува, додека пребарувала на „Гугл Мапс“ (Google Maps), а видеото стана вирално со повеќе од 9,4 милиони прегледи, пишува „Индекс.хр“.

Таа објаснува како видела автомобил од компанијата „Гугл“, кој поминувал во близина на нејзината куќа и снимал за опцијата Стрит вју (Street View) и решила да провери на „Гугл Мапс“ за да види по кој пат оди автомобилот.

@julianalima.julie #chifre #traicao #googlemaps #foryou ♬ Classic classic Mozart Ainek.(898018) – Toshihiro Iwaki

На нејзино изненадување, таа го видела своето момче како вози мотор со друга девојка, па решила да ги следи. Во еден момент ги изгубила, па почнала да ги истражува околните улици.

“Помина по улицата по која ме носел и мене. Секогаш го посетувавме тој мал плоштад. Во тој момент помислив дека сум само параноична, дека не може да биде тој”, рекла таа и потоа ја покажала сцената што ја нашла на Стрит вју.

На крајот од видеото, е прикажано нејзиното момче како ја потпира главата во скутот на друга девојка на клупа, а изневерената девојка потоа откри: „Тоа беше моето момче и мојот најдобар пријател. Уништена сум“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот