Баленсијага јакна - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Како да е извадена од контејнер: Новата јакна на Баленсијага од 800 евра се распродаде за еден час

Ако сте помислиле дека модниот апсурд го достигнал својот врв, Баленсијага повторно е тука да ве разубеди. Најновиот модел од нивната понуда – јакна која изгледа како да преживеала апокалипса – исчезна од продажба за помалку од еден ден. Цената? „Скромни“ 800 евра.

Станува збор за црвена јакна со качулка која намерно е искината, излижана и продупчена, до таа мера што повеќе потсетува на облека пронајдена во контејнер отколку на луксузен моден производ со потпис на позната модна куќа. Ракавите се истрошени, предниот дел изгледа како ткаенината да е искината со рака, а целиот дизајн делува како внимателно режирана модна катастрофа.

Баленсијага јакна – Фото: Инстаграм

Видео во кое моделот ја закопчува јакната и ја навлекува капуљачата експресно се прошири на социјалните мрежи – но не поради воодушевување. Коментарите, очекувано, беа сурови. Интернетот експлодираше од иронија, со забелешки дека „половина луѓе во стари тренерки можат да се сметаат за луксузен бренд“.
Сепак, Баленсијага не прави ништо ново – само ја продолжува својата веќе препознатлива естетика на провокација. Да се потсетиме на „уништените“ патики со цена од речиси 2.000 долари, чантата што личи на кеса за ѓубре или несесерот инспириран од амбалажа за чипс. Сето тоа веќе е видено, исмејувано – и распродадено.

Баленсијага, очигледно, уште еднаш докажува дека во ерата на социјалните мрежи не е важно дали некој моден парче ви се допаѓа. Најважно е – да се зборува за него.

ФОТО + ВИДЕО | „Баленсијага“ повторно си игра мајтап: Продава крпа како здолниште за 925 долари

ФОТО + ВИДЕО | Новиот моден подвиг на Ким Кардашијан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот