ВИДЕО | Кадиров покажа како се прават склекови во живо на телевизија

Фото Твитер принтскрин

Низ социјалните мрежи се прошири видео од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров како прави склекови за време на гостувањето во емисија на руската телевизија. Видеото го објави американската новинарка Џулија Дејвис, која ги следи руските медиуми и објавува клипови со превод за да ја приближи руската пропаганда до западната публика.

„Во меѓувреме во Русија, Рамзан Кадиров реши да ги импресионира сите обидувајќи се да направи склекови“, напиша Дејвис кадарот.

Во телевизиското студио беше и придружбата на чеченскиот лидер, која со аплауз ги поздрави неговите склекови. Кадиров е силен поддржувач на руската инвазија на Украина, а на почетокот на октомври најави дека во војна ќе испрати тројца негови малолетни синови. Неколку недели по таа објава, тој сподели видео од неговите тројца малолетни синови како му носат „подарок“ од бојното поле, тројца затвореници.

Украинската служба за безбедност во средината на ноември распиша потерница по Кадиров, а информациите за тоа беа споделени на веб-страницата на украинското Министерство за внатрешни работи. Кадиров беше обвинет по три точки, вклучително и водење агресивна војна и извршување намерни дејствија насочени кон промена на границите на украинската територија.

ВИДЕО | „Сакам да умрам… и јас, и моите деца“: Рамзан Кадиров објави бизарна снимка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот