Сопруг на исчезнатата Злата Јанкова / Фото: принтскрин

ВИДЕО | „Каде е Злата?“ – сопругот на исчезнатата жена од Свети Николе започна штрајк со глад

Очајниот сопруг на исчезнатата Злата Јанкова од Свети Николе, утрово започна штрајк со глад пред полициската станица во градот. Дејан Јанков вели дека веќе 22 месеци нема никаков одговор за неговата сопруга. Тој вели дека нема да си оди сè додека не му кажат каде е Злата, објави МНет на Фејбук.

„Не знам повеќе како да го свртам вниманието кон нашиот случај. Времето минува, а настанот паѓа во заборав. Што ѝ се случило на жена ми, жива ли е, кој стои зад нејзиното исчезнување? Ова не е игра, ова не е небитен случај за да биде оставен без решение“, вели Дејан.

Тој додава дека, доколку домашните институции не можат да ги пронајдат исчезнатите лица, треба да побараат помош и од странство.

„Ако нашите служби не можат да пронаоѓаат исчезнати лица, нека побараат помош од странство. Не е само Злата исчезната во Македонија – на стотици луѓе не им се знае судбината“, вели тој.

Злата Јанкова, 45-годишна жена од Свети Николе, исчезна на 16 јуни минатата година. Последен пат била видена во селото Орел, на неколку километри од Свети Николе, каде што со сопругот работеле на нивниот земјоделски имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот