ВИДЕО: Јувентус си обезбеди полуфинална пресметка со Интер во италијанскиот Куп

дејан кулушевски
Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски има понуда од Тотенхем/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

„Старата дама“ е третиот полуфиналист во Купот на Италија откако без проблеми со 4:0 го совлада Спал.

Јувентус настапи без неколку стандардни првотимци, а меѓу нив беше и Кристијано Роналдо, но без проблеми ја оправда фаворитската улога.

Јувентус поведе уште во 16. минута со голот на Алваро Мората, а во 33. минута Фаброта зголеми на 2:0. Во второто полувреме, прво Кулушевски во 78. минута зголеми на 3:0, а Федерико Киеза во судиското продолжение го постави конечниот резултат и си обезбеди полуфинална пресметка со Интер.
Првиот натпревар ќе се игра на 3. февруари на „Џузепе Меаца“, а реваншот е закажан за една недела подоцна.


Пласман во полуфиналето обезбеди и Аталанта кој а и со 10 фудбалери го совлада Лацио со 3:2. Во 54. минута при резултат 2:2 беше исклучен Паломино, но само три минути подоцна Миранчук го постигна победничкиот гол. Во продолжение од натпреварот, Запата пропушти одлична можност во 67. минута да ја зголеми предноста, но го промаши пеналот.


Во првото полувреме Џимшити и Малиновски беа прецизни за Аталанта, додека Муричи и Ачерби погодија за Лацио.
Аталанта во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Наполи – Специја кој ќе се игра утревечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот