ВИДЕО | Јован Јованов се врати на сцената по 14 години: Ја преработи култната „Магија“ со Пајак

Јован Јованов и Христијан Настески - Пајак / Фото: Скриншот/Јутјуб

Среде популарноста на момчешките поп-групи „Бекстрит бојс“ и „Енсинк“ во деведесеттите години, на македонската музичка сцена се појави групата „Магија“.

Шармантната четворка, која ја сочинуваа Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев, веднаш ја освои младата слушачка публика во Македонија и бргу станаа едни од најпопуларните изведувачи кај нас во тој период.

Нивната истоимена песна „Магија“, со која победија на фестивалот „Макфест“ во 1998 година, стана своевиден евергрин, којшто се слуша и ден-денес.

По преработката од 2007 година, кога Јован Јованов ја преработи „Магија“ со Адријан Гаџа и Раде Врчаковски – Врчак, сега песната доби нов ремикс, со нов и модерен звук.

Овој пат, Јованов направи дуетска верзија на песната со најпопуларниот македонски рапер Христијан Настески – Пајак.

„Се надеваме дека овој дует ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови песни за во иднина“, изјави Јованов.

Новата преработка има сосема нов аражман, а целата продукција е направена од страна на Иван Јованов – Ивајо.

Да потсетиме, Јован Јованов живее и работи како музички продуцент во Канада, а ова му е прв музички сингл на нашата сцена по цели 14 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот