ВИДЕО | Јорданов од ОМД: Македонската политика ги запоставува ставовите на дијаспората

Гордан Јорданов, директор на Обединета македонска дијаспора за Македонија и Европа / Утрински брифинг

Обединета македонска дијаспора (ОМД) како организација е создадена уште 2004-та година и се занимаваме со застапување на правата и интересите на заедниците во дијаспората. Ние сме професионална организација, која што сака на професионално ниво да ги споиме сите оние луѓ, кои за жал, или за среќа, се отеслиле од нашата држава, а понатаму и да и помогнеме на Македонија како држава во секој аспект, највеќе економски, социјално и политички, изјави во Утрински брифинг Гордан Јорданов, директор на Обединета македонска дијаспора за Македонија и Европа.

-Мислам дека ОМД е најголемата организација, која што е застапена на скоро сите континети во светот. Досега доста успешно ги поврзува сите оние интелектуалци и на многу наврати и помага на Македонија како држава, односно нуди помош од сите оние поединци, организации, компании кои што ги имаме во странство, вели Јорданов и додава дека е точно дека кај нашите иселеници има многу што се премногу успешни луѓе, односно ги држат најглавните позиции во некои компании, вели тој.

-За нас мислам дека би било жално ние како држава ги пропуштиме тие луѓе и таа шанса не ја искористиме, вели Јорданов.

-Бев во посета на Вашингтон каде што остваривме средба со десетина конгресмени, добри пријатели на Македонија. Македонскиот Кокус гледаме што повеќе да расте. Благодарение на ОМД, тоа е реалност, сочинува 37 членови и секој ден напорно се бориме тој број да стане поголем, потенцира Јорданов.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот