ВИДЕО | Јапонски стартап разви робот од популарен анимиран филм

Робот во Јапонија / Фото Принтскрин Јутуб

Стартапот Цубаме Индустри од Токио развива робот со четири тркала висок четири и пол метри кој изгледа како лик од популарната јапонска анимирана серија „Гундам“, а може да биде ваш за три милиони долари.

Наречен Арчакс по летечкиот диносаурус Арчеоптерикс, роботот има монитори од пилотската кабина кои примаат слики од камерите прикачени однадвор, така што пилотот може да ги контролира рацете и нозете користејќи џојстици од внатрешноста на торзото.

Тежи 3,5 тони и има два режима на работа: исправено „роботско“ и „возење“ со максимална брзина од десет километри на час.

Лансирањето е планирано за саемот за мобилност во Јапонија овој месец.

„Јапонија е многу добра во анимацијата, игрите, роботите и автомобилите, па затоа мислев дека би било одлично ако можам да создадам производ што ги содржи сите тие елементи. Сакав да создадам нешто што ќе рече: „Ова е Јапонија“, изјави 25-годишниот извршен директор на Цубаме Индустри, Рио Јошида.

Јошида се надева дека ќе изгради и продаде пет роботи на богатите обожаватели, но исто така се надева дека роботот еден ден би можел да се користи за помош при катастрофи или во вселенската индустрија.

За роботиката се заинтересирал уште на рана возраст. Научил да заварува во работилницата на својот дедо, а потоа основал компанија која произведува миоелектрични протези за раце. Тој вели дека сака да ја задржи конкурентската предност во производството на Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот