ВИДЕО: Јапонци измислија фудбалска топка што се склопува и не се дуе, за сиромашните деца низ светот

Фудбалската топка што се склопува на Молтен / фото: Ruptly/принтскрин

Инженерите и дизајнерите на производи во јапонскиот производител на спортска опрема Молтен и дизајнерското студио Нендо развија фудбалска топка што не се дуе туку се склопува од пластични делови, наменета за децата во неразвиените земји, јавуваат медиумите.

Новата топка и нејзините технички својства беа претставени денеска во Хирошима.

Топката не треба да се полни со воздух и не може да се дупне, а целокупниот производ има и едукативна компонента со склопувањето, велат инженерите кои ја создадоа.

„Децата можат да го вклучат учењето ако сами ја склопат топката. На овој начин, придонесуваме кон едукацијата и децата ќе искусат чувство на оствареност поради тоа што успеале да ја склопат самите,“ вели Јун Учида од Молтен.

„Мојот фудбалски прибор“, како што се вика новиот производ, нема да биде достапен за купување и ќе им биде поделен само преку партнерски компании на „деца во земјите во развој и на други места“, според компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот