ВИДЕО | Јачева-Улчар: Во старословенскиот јазик основата е македонски говор од околината на Солун

проф. д-р Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик
проф. д-р Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик / Утрински брифинг

За Бугарија нашиот јазик е само западна норма на бугарскиот јазик која важи само во рамките на границите на Македонија, без своја историја, вели проф. Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик. Многу малку се инвестира во македонскиот јазик, државата потфрли. Од над 20 лекторати во Европа и светот пред осамостојувањето, сега се сведовме на 8.

– За нашиот јазик, линвистите велат дека е јазик кој има словенска лексика, но балканска граматика. Македонскиот јазик влегува во т.н Балкански јазичен сојуз, во кој покрај нашиот јазик влегуваат уште и бугарскиот, албанскиот романскиот, грчкиот и турскиот. Од сите овие јазици имаме создадено голем број граматички конструкции, чиешто жариште е лоцирано во југозападна Македонија и оттука се шират кон сите други балкански земји, изјави за Утрински брифинг проф. д-р Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик.

– Научниците, балканистите кои се занимаваат со проучувањето на овие јазици, велат дека македонскиот е еден од најбалканските јазици во оваа група на јазици, додава таа.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот