ВИДЕО | Ја загрижи јавноста: Морган Фриман се појави видно изнемоштен на фестивал во Монте Карло
Легендарниот актер Морган Фриман (88) ги загрижи своите обожаватели со последното појавување на телевизискиот фестивал во Монте Карло, каде што ја промовираше новата серија „Сивата куќа“ (The Gray House). Неговиот „кршлив изглед“ и моментите во кои изгледаше збунето предизвикаа бројни реакции и коментари на социјалните мрежи.
Препорачано
За време на интервју со колешката Дејзи Хед, многумина забележаа дека Фриман на момент изгледал како да задремал. Дополнителна загриженост предизвикаа фотографиите од црвениот тепих, на кои актерот се потпира на раката на својот асистент додека чекори.
Во јавноста се појави и видео на кое се гледа како Фриман минува низ ходник, додека луѓето околу него му аплаудираат и го бодрат. На крајот од снимката, актерот се запира и се потпира на ѕид, сцена што дополнително ја засили загриженоста кај неговите фанови.
„Изгледа толку кршливо“, „Се чини дека го боли нешто“, „Пуштете го овој човек да се одмори“, „Изгледа збунето“, „Навистина остарел, ми стана жал“, „Како да е изгубен, не знае што треба да направи“, се само дел од реакциите на обожавателите кои повикуваат Фриман да се повлече и конечно да се посвети на одмор.
Многумина повторно ја забележаа и карактеристичната ракавица на неговата лева рака, симболичен потсетник на тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа во 2008 година. Тогаш нервите во неговата рака беа сериозно оштетени, па остана парализирана. Оттогаш, Фриман носи компресиска ракавица за да ја подобри циркулацијата и да спречи згрутчување на крвта.
Покрај тоа, актерот боледува од фибромијалгија, состојба што предизвикува хронична болка, поради што често изгледа уморно и исцрпено.
@jenniferhudsonshowThe king of all cavernous voices, Morgan Freeman!♬ original sound – Jennifer Hudson Show


