ВИДЕО: Израелците ја срушија куќата на палестинскиот убиец, САД остро реагира

Израел ја сруши куќата на палестинскиот напаѓач /Фото: EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Рушењето на куќата на Палестинецот, кој беше обвинет за смртоносен напад на 2-ри мај над Израелци на Западното крајбрежје, синоќа беше остро осудено од страна на САД, кои се против таквите казнувања.

Израелските сили вчера ја срушија куќата на Мунтасер Шалаби кој има американско државјанство, иако неговата сопруга изјави дека тој во таа куќа „доаѓал ретко, само за да си ги види неговите три деца“.

„Куќата на едно цело семејство не треба да се сруши поради постапките на една личност“ изјави потпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, оценувајќи дека со рушењето на куќата Израелците само ја зголемуваат тензијата меѓу двата народа.

Израел тврди дека Шалави на 2-ри мај од автомобил убил израелски студент, а потоа ранил и уште двајца Израелци. Два дена по нападот тој беше уапсен.

Неговата сопруга вели дека тој повеќе време поминува во Мексико, каде се оженил со уште три жени. Таа за израелските медиуми изјави дека не знаела за нападот на Шалаби и за неговите планови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот