Фото: Икс

ВИДЕО | Израел погоди хотелска соба во центарот на Бејрут – четири жртви и десетина повредени

Најмалку четворица луѓе загинаа ноќеска во прецизен израелски удар врз една соба од хотелот „Рамада“ во центарот на либанскиот главен град Бејрут, јавува „Ал Џазира“. Десет луѓе се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство.

Според информациите на „Ројтерс“, во хотелот биле сместени луѓе кои биле раселени поради борбите во јужен Либан и во јужните предградија на Бејрут.

Не се знае кои се луѓето на кои Израел целел во неверојатно прецизниот напад.

Дел од луѓето кои престојувале во објектот претходно ја напуштиле зградата поради страв од нови напади.

Откако минатата недела заедно со САД го нападнаа Иран, Израел почна да напаѓа и цели во Либан, а неговата војска повторно изведе инвазија врз јужниот дел од земјата, под изговор дека тоа се операции против членови на проиранската милитантна група Хезболах. Нападот врз хотелот во Бејрут е специфичен бидејќи Израел обично не изведува удари врз центарот на Бејрут.

Откриени нови детали за соборената иранска ракета: Турција не била целта?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот