ВИДЕО | Изненадување за фановите: Бендот „Металика“ се враќа на сцената

Концерт Металика/ Фото EPA-EFE/ENNIO LEANZA

По пауза од шест години, американска хеви-метал група, „Металика“ се враќа на сцената. Бендот ги изненади фановите со нова песна чиј наслов е „Lux Æterna“, со која најавија и повратен албум и голема турнеја за следната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Metallica (@metallica)


Албумот „72 Seasons“ го продуцираа Грег Фиделман, Џејмс Хетфилд и Ларс Улрих, а ќе излезе на 14 април следната година. Сепак, на задоволство на фановите, вчера бендот објави една песна од албумот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Metallica (@metallica)

Песната „Lux Æterna“ брои повеќе од девет милиони преслушувања за помалку од дваесет и четири часа од нејзиното објавување.

Нивната турнеја започнува во Европа истиот месец кога го издаваат албумот, пред серија концерти во Северна Америка подоцна во годината. Дополнителни места се закажани за Европа и Америка во 2024 година. Турнејата вклучува две шоуа во секој посетен град, а бендот ветува сосема различни сет-листи и споредни состави во секоја од нив.

„72 Seasons“. Првите 18 години од нашите животи кои го формираат нашето вистинско или лажно јас. Концептот дека нашите родители ни кажале „кои сме“. Можна борба за тоа каква личност сме. Мислам дека најинтересниот дел од ова е континуираното проучување на тие суштински верувања и како тие влијаат на нашата перцепција за светот денес. Голем дел од нашето искуство во зрелоста е реконструкција или реакција на тие искуства од детството. Дали остануваме заробеници на нашето детство или се ослободуваме од тие окови што ги носиме“ – изјавил Хетфилд за Pitchfork.

Фронтменот на Металика се разведува по 25 години брак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот