10 C
Скопје

ВИДЕО | Изет Меџити: Артан Груби да се растовари од амбициите дека е наследник на Ахмети – Владината коалиција е стабилна

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Изет Меџити во денешното гостување во Утрински брифинг на Слободна ТВ зборуваше за превирањата во неговата партија кои се актуелни деновиве.

-Добро е да има дебата. Короната си го направи своето – скоро година дена не функционираа органите на партија, ретко се гледавме и заедно констатиравме дека треба почесто да се гледаме и да дебатираме. Разлики има, но имавме предвид дека во состојбава со корона не требад а придонесуваме да се влоши ситуацијата и дадовме предност да тече процесот,а во од да се решат разликите и проблемите во ДУИ. Нема ништо лошо да се коснтатира дека има проблеми и разлики но тоа со дебата и дијалог може да се реши. Разликите се и концептуални и политички. Сакаме да се почитува принципот на медиокрација, да го оствари она што ДУИ го ветил, пто е една од причините што сме најголем претставник на Албанците во Македонија, изјави во Утрински брифинг Изет Меџити.

-Во политиката вредиш колку имаш гласови. Јас зборам во име на единица каде што бев носител. Ако споредиме пред 4 години кога носител на листата беше Груби, ДУИ беше трета по ред во Чаир и многу слабо котираше во Скопје. За локалните избори се прават анкети и се гледаат како котираат луѓето и мислам дека истотот тоа требад а биде прионцип и за „егзекутивата“. Ова не е експертска Влада и таму треба да има луѓе кои што имаат легитимитет и кај гласачите, да котираат добро на анкетите, што во овој случај не е така, вели Меџити.

Прочитајте и...  „Џонсон и Џонсон“ ја одложува испораката на вакцини во Европа, откако се појавија неколку случаи на згрутчување на крвта

Тој нагласи дека реално во ДУИ има проблеми, но добро е што се дискутира во однос на политичките разлики.

-Јас бев еден од поборниците ДУИ да се одлепи од тогашното ВМРО на чело со Груевски и да се приклучи на оваа коалиција која придонесе државата д аизлезе од изолација, да стане членка на НАТО и да претендира за ЕУ, но исто така денес имаме примедба – да ги приближжам до Заев, но не да се стопат во тоа. Примедбата е кон изјавата на Груби дека „едно сме“, а ако го мисли тоа политички, јас сум против тоа. Се знае од каде потекнува ДУИ и што претставува оваа партија, вели Меџити.

Тој додава дека има некои работи кои се случуваат за првпат и се гледа како чудно.

-Чудно е што јас поставив нефингирано прашање до наш министер. Ова се нема случено во минативе 30 години да се постави критички интонирано прашање. Но на ова треба да се гледа како демократска додадена вредност. Ова не треба како отцепување или менување на позициите. За мене и за ДУИ партнер е Зоран Заев и СДСМ. Направивме многу досега, не чека уште ногу работа и мислам дека сме на прав пат да ги заокружиме овие работи кои ќе дадат нова перспектива на граѓаните. Останатото се нормални разлики, се бориме за концепт, за размислувања и тоа го правиме на легитимен демократски начин. Секогаш имало препукуање на партнерите во владата, но мислам дека многу е направено. Не гледам работи каде што може да имаме дијаметрално спротивставени ставови помеѓу ДУИ и СДСМ, вели Меџити.

Прочитајте и...  Обвинителството бара притвор за Мијалков и Стајковиќ

Говорејќи за пописот, Меџити вели дека најдено е решение за главниот проблем кој доведе до пропадниот претходен попис. Во основа може да имаме само технички проблеми, а не од политички карактер. Крајно време е да се одржи пописот кој е битен за економскианализи за развој на државата. Дијаспората е заинтересирана, влезена е во процесот, се надевам дека се надминати техничките проблеми, вели Меџити. Премиерот Рама изјави дека треба да одиме во пакет Северна  Македонија и Албанија кон ЕУ. ДУИ е прва албанска партија која не остана на страна и бараше да има активно учество и во преговорите со Грција, а и сега со преговорите со Бугарија. Ова е прашење кое и нас не тангира. Потегот на Радев не е добар пример, но иамме предвид дека се во предизборие. Треба да гледаме стратешки кон ова и да не дозволиме да изгубиме нови 20 години. Ние немаме друга алтернатива, ЕУ е единствената, изјави Меџити.

Прочитајте и...  ФБИ објави список со најреално прикажани психопати во филмската индустрија

Тој смета дека со новата админстрација на Бајден доаѓа водство кое е поупатено и поинформирано за регионов и можат многу да помогнат да се отвори патот кон ЕУ, да се страбилизира Балканот, конечно решение помеѓу Косово и Србија, исто и помеѓу Бугарија и нашата држава.

За евентуалната смена на долгогодишниот лидер на ДУИ, Меџити нагласи:

-Редовниот Конгрес на ДУИ беше одржан лани и Ахмети беше едногласно избран. Се очекува уште повеќе години да биде на чело на партијата, немаме дилеми околу тоа, изјави Меџити и со доза на цинизам го коментира однесувањето на Артан Груби -Сакаме да го растеретиме малце господинот Груби. Се нафатил да изиграва улога на претседател во ДУИ. Имајќи предвид дека касно е дојден му треба време да се прилагоди на тоа и не може сите работи одеднаш да ги врши. Треба да се работи екипно, да се поделат задачите. Останатото се нормални разлики, се бориме за концепт, за размислувања и тоа го правиме на легитимен демократски начин. Секогаш имало препукуање на партнерите во владата, но мислам дека многу е направено. Не гледам работи каде што може да имаме дијаметрално спротивставени ставови помеѓу ДУИ и СДСМ, вели Меџити.

 Целиот разговор со Изет Меџити можете да го проследите во видеото:

Зад судирот на Груби и Меџити стојат амбициите на Муса Џафери?

Поврзани вести

Запленета рекордна количина дрога на хрватско пристаниште: Околу 500 килограми кокаин скриени во контејнер со банани

Слободен печат

Богатството на Џек Ма се зголеми за 2,3 милијарди долари за само еден ден

Слободен печат

Силен земјотрес од 5,2 степени регистриран кај грчките острови Нисирос и Кос

Слободен печат

Инцидент „тежок“ 916 милиони долари: Властите на Суецкиот канал бараат од сопственикот на бродот да ја плати оштетата

Слободен печат

Кривична пријава за насилство врз дете во Кочани

Слободен печат

СЗО: Бројот на заразени во последните 24 часа се зголеми за повеќе од 567.000

Слободен печат

Остави Коментар