ВИДЕО | Ивановска од ДКСК објаснува зошто Рамадани не може да биде директор на МЕПСО

Можам да кажам дека проблемите почнаа да се отвараат. Јавно и транспарентно ги објавуваме проблемите со кои се соочуваме. Отворивме крупни прашања, изравботивме анализи кои би требало да помогнат во градењето на отпорноста на нашиот систем. Отворивме и прашања за поставување на в.д директори, така што сметам дека сме на добар пат, иако сме со ограничени ресурси. Работевме во непроменети услови од претходните комисии, но успеавме да испорачаме резултати, изјави во Утрински брифинг, Билјана Ивановска од ДКСК.

-За 2020 беше планирано комисијата да се пресели во нови простории, но поради вонредната состојба средствата се ограничија и пренаменија. Ние се одлучивме да направиме реконструкцција на новите простории. Со министерот за финансии се договоривме дека за трите клучни работи, софтверот, човечките ресурси и новите простории ќе бидат обезбедени средства со одредена динамика. Предлогот беше прифатен од страна на Владата и сега е во Собранието. Откако ќе се прифати овој предлог и донесе буџетот ќе може да добиеме согласност од владата и да го добиеме новиот софтвер. Така што во 2021 мислам дека ќе бидат овозможени и исполнети основните услови за работа, вели Ивановска.

-Постоењето на непотизам при вработувањата во јавниот сектор, се почестена злоупотреба на функцијата в.д. директор, непродуктивни буџетски трошоци, немањето на основни услови за работа на Антикорупциската комисија се дел од точките на ранливост во нашиот систем на кои алармираше претседателката на комисијата Билјана Ивановска во својот говор по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Последно, Антикорупциска даде мислење за постоење на судир на интереси во назначувањето на Куштрим Рамадани за нов директор на МЕПСО.

Во врска со изјавата на претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска дека постои судир на интереси во назначувањето на Куштрим Рамадани за нов директор на МЕПСО, премиерот Зоран Заев за Утрински брифинг вчера изјави дека според него нема ништо спорно во тоа.

-За МЕПСО ниту член 47, ниту член 48 од Законот за антикорупција дава ограничување на еден ваков експерт кој од регулаторна комисија е поставен за директор. Таму се вели ако регулаторна е контролно тело. Контролно тело на МЕПСО е надзорниот одбор, па Државниот завод за ревизија. Јас бев на состанок со ДКСК образложувајќи ги 47 и 48. Влеговме и во матичниот Закон за енергетика и апсолутно тврдам дека нема никакви ограничувања, рече Заев.

За Утрински брифинг Ивановска изјави дека се поставува прашањето како директорот пред да помине законскиот период од две години ќе ја застапува енергетската компанија пред регулаторната комисија каде што вршел јавни овластувања по предмети и за кои што каде службено лице учествувал во донесување на одлуки.

-Секоја институција е одговорна за своето постапување и во неодамнешниот извештај на ЕК јасно беа нотирани две клучни препораки – надлежните авторитети треба да ги имплементираат препораките на ДКСК и дека треба да се обезбедат средства за непречено функционирање на комисијата. Затоа и велам, добро е да се дебатира, да се отвораат овие дискусии, да се споделуваат мислењата и политичките одлуки треба да бидат засновани на принципиелни законски ставови, смета Ивановска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Заев контра Антикорупциска: Нема ништо спорно во назначувањето на новиот директор на МЕПСО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот