ВИДЕО | Иванова: Во оваа војна во која што сме сите вклучени, Македонската Филхармонија е во првите редови

Филхармонија вo четврток ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Колаж“ на кој како солист ќе настапи руската виолончелистка Анастасија Кобекина и со маестро Габриел Бебешелеа од Романија, кој е новиот шеф диригент. Македонската филхармонија е основана на 24 ноември, 1944 година, само 11 дена по ослободувањето на Скопје.

-Пред 76 години, неколку уметници наместо пушки земале инструменти и во станот на Тодор Скаловски и така почнува историјата на Македонската филхармонија. Како и секоја година роденденот ќе го одбележиме со концерт за виолончело и оркестар бр.1 од Камиј Сен –Санс, а оркестарот ќе изведе и симфонија од Вебер. Во ова време невреме во кое е многу потешко да се работи затоа што публика во салата мора да имаме само 30 отсто, најважно за уметниците е публиката, а кога салата не е исполнета, срцата се полупразни, но и во вакво време сме задоволни од посетеноста затоа што ние имаме редовна публика и има луѓе коишто сакаат да доаѓаат на концерт и не се плашат, а не се плашат затоа што Филхармонија работи според сите протоколи, овде е безбедно и не е простор каде некој би можел да се зарази- истакна Иванова.

-Исто така, гостите од странство се среќни дека можат да дојдат и да настапат, бидејќи многу концертни сали во Европа се затворени, а уметниците сакаат да настапуваат. Филхармонијата работи редовно од почетокот на сезоната во септември, не гледам зошто би престанале да работиме, сакаме на луѓето да им овозможиме барем еден или два часа да уживаат и да се оттргнат од ова сиво, сурово секојдневие. Музиката е лек, тоа е и научно докажано а и сега се наоѓа во таква благородна улога, додека ја слушаат луѓето се оттргнуваат од реалноста и тоа не’ спасува од лошите мисли и одмор од лошите вести за пандемијата, од политиката, од црнилото, бидејќи на некој начин ова е војна во која сите сме вклучени, Филхармонија е во првите борбени редови: на луѓето им даваме кураж, мотив за живот, а истовремено и едуцираме- вели за Утрински брифинг, Тина Иванова, в.д. директор на Македонската филхармонија.

Таа најавува концерти и за помладата публика: „Филхармонија не е само за елитата. Таа е на сите граѓани.

-Силен предизвик е да се привлече помладата публика, но и онаа публика која до сега имала отпор спрема класичната музика поради различни причини, додава Иванова.

Целиот разговор со Иваново проследете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот