ВИДЕО | Италијанскиот маникир е хит тренд и изгледа најдобро на мали, квадратни нокти

Фото: Профимедиа

Сега веќе знаеме дека социјалната мрежа Тик-ток ги диктира трендовите, а последното во серијата е најновиот хит од светот на маникирот на италијански начин!

Италијанскиот маникир во пакет со сите свои предности, кој особено ќе ги воодушеви сите оние кои тешко постигнуваат долги нокти, во моментот е најпопуларниот тренд во светот на маникирот.


Стана вирален благодарение на Александра Телека, @thehotblendofficial на ТикТок, а во видеото со повеќе од 6 милиони, таа демонстрирала трик за кој вели дека обично се прави на нокти кои се кратки, квадратни или квадратно овални, а може подеднакво да се користи за класичен маникир во целосна боја или за обоени врвови на ноктите.

Кога нанесува лак, Александра сака да се доближи што е можно поблиску до кутикулата без да ја допира кожата и користи тенка четкичка за нокти натопена со ацетон или средство за отстранување лакот за нокти за да создаде простор помеѓу секоја страна од ноктот и самиот лак. Иако е минијатурен и речиси незабележлив, бришењето на овој простор помеѓу кутикулата и лакот на секој раб дава илузија на издолжено лежиште на ноктот, правејќи го ноктот да изгледа многу подолг отколку што навистина е.

@thehotblendofficial Italian Nail Paiting Technique 🇮🇹🫶#buildergel #biab #gelnails #nailtech ♬ Sky Aesthetic – Tollan Kim


Александра вели дека овој метод, кој некои го нарекуваат и медитерански маникир, го видела за првпат во Милано уште пред неколку години, иако тогаш не бил ни приближно популарен како денес.

Како да направите кратките нокти да изгледаат подолги?

Италијанскиот маникир е најделотворен на пошироките нокти кои се лепезесто се шират или имаат страни кои не се рамни или паралелни, а може многу добро да изгледа на кратки нокти, иако не е неопходно ограничен на одредена форма на ноктите.


Истата техника може да се примени и на заоблени и на квадратни-овални нокти.

Овој изглед може да се постигне исто толку успешно со користење на традиционалниот гел како и со обичниот лак за нокти.

Александра најмногу користи гел-лак, а напоменала дека при нанесувањето гел треба да избегнувате каква било топлина (како долги, топли туширање или купки, сауни и слично) во првите 24 часа, бидејќи на гелот му е потребно долго време целосно да се стврдне.

Освен тоа, важно е и да се одржуваат кутикулите (заноктиците), бидејќи тоа ќе го спречи нивното подигнување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот