Фото: Принтскрин -ЈуТјуб

ВИДЕО | Истополов пар претставен во цртаниот филм „Прасето Пепа“

Во детската цртана серија „Прасето Пепа“ по 18 години емитување за прв пат беше претставена истополова двојка. Во епизодата емитувана вчера на британскиот Канал 5, поларната мечка Пени рече дека има две мајки.

„Јас сум Пени поларната мечка. Живеам со две мајки. Едната е доктор, а другата готви шпагети. „Сакам шпагети“, рече таа.

Епизодата ги подели мислењата на гледачите. Додека едни на социјалните мрежи го одобруваат претставувањето на истополови парови во цртаната серија, други пишуваат дека тоа е „непримерно“.

Петицијата за емитување на истополова двојка во оваа цртана серија беше покрената во 2019 година. Собрани се речиси 24.000 потписи. Членовите на ЛГБТ заедницата ја нарекоа Пепа Пиг геј икона по објавувањето на нејзиниот албум со песната „Виножито, виножито“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот