ВИДЕО | Исповед на сексуална работничка од Македонија: Доброволно влегов во индустријата и среќна сум што ја работам оваа работа

Sex workers demonstrate to call for the end of the violence perpetrated against them and punishment for culprits, on December 17, 205 in Skopje.,Image: 269475644, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Robert ATANASOVSKI / AFP / Profimedia

Сексуалните работници останаа повторно на маргините, за време на кризата со ковид-19, останавме исклучени од сите мерки за помош, ги редуциравме нашите услуги за да редуцираме ширење на вирусот, а за возврат добивме социјална шлаканица, соопштија денеска од колективот СТАР – прв колектив на сексуални работници на Балканот по повод 17. декември – Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.

ВИДЕО: Сексуалните работнички кои работат на отворено почесто трпат насилство, дури и од полицијата

Од колективот алармираат дека, поради ковид кризата, повеќе од половина од сексуалните работници имаат проблем со плаќањето наменина, додека повеќе од третина се соочуваат со тешкотии во пристапот до здравствени услуги. Сметаат дека државата може да им понуди помош и поддршка во период кога и тие еднакво се засегнати од ковид-пандемијата, како и сите останати работници и родители.

Сексуалните работници: Добивме социјална шлаканица место помош

Слободен печат разговараше со две сексуални работнички, кои отворено зборуваа за состојбата на оваа маргинализирана група во Македонија. Тие велат дека се горди на својата работа, како и дека бројот на сексуални работници во државата расте од година во година, но сепак, стигмата и дискриминацијата се уште не дозволуваат да бидат прифатени во општеството.

Проследете го целиот разговор во видеото:

Инаку, здружението за поддршка на маргинализирани работници Стар Стар вечер од 18 часот организира тричасовен уметнички перформанс на пет девојки, кој директно ќе се пренесува на фејсбук-страницата на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и на партнерите со кои го организира настанот – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини.

– Уметнички перформанс на пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и се будел со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички, соопшти Стар Стар.

Перформансот е во рамки на второто издание на „Skopje Red Light District 2020″  и Меѓународниот ден  против насилството врз сексуалните работници.

Перформанс на пет девојки пред жешките излози на Универзална сала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот