Ирина Атанаскова - тату артист и илустратор / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески
ВИДЕО | Ирина Атанаскова (Ина Нејмлес) тату артист и илустратор: Тетоважите повеќе не се табу, тие се израз на личноста и стилот
Агнеса Чаволи
Пред
Добредојдовте во светот на тату артистите! Тие се уметници што со својата вештина и креативност создаваат вистински уметнички дела на вашата кожа. Тие ја користат својата вештина за да ја претворат вашата визија во реалност и да ви помогнат да ги изразите својата личност и стил. Една од нив е и Ирина Атанаскова, позната како Ина од „Нејмлес тату студио“ во Скопје.
Ирина Атанаскова – тату артист и илустратор / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески
Таа има речиси 9-годишно искуство во професионалната сфера на тетовирањето. Првото тетовирање го направила врз себе, а потоа искуство стекнувала преку клиенти на кои им изработувала тетоважи бесплатно.
„Најголем проблем или најтешко за артистите е да преминат на учење, додека да стигнат до некое ниво“, вели Ирина за „Утрински печат“.
Ирина Атанаскова – тату артист и илустратор / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески
По долга практика, Ирина пробала да ги истетовира и своите родители и сестрата, кои ѝ се најголема поддршка во нејзината професија како тату артист.
Во процесот на постепеното професионализирање и усовршување на тату уметноста со тогашното момче Баже, а сега сопруг, го отворија и тату студиото „Нејмлес“. Таа за својата професија вели дека секогаш е голем предизвик.
„Најголем предизвик е да останеш мотивиран цело време во тоа што го работиш. Меѓутоа, треба да останеш дисциплиниран и да останеш доследен на тоа што го работиш и колку толку да уживаш секој ден“, вели Ирина.
Покрај тоа што приватно Ина е мајка на мало дете, таа е секогаш во форма за тетовирање. Таа вели дека не дозволува лошите денови да ѝ влијаат врз работата.
Освен што тетовира, таа е и илустратор.
Има илустрирано неколку книги, меѓу кои една е нејзино авторско дело. Нејзините колоритни илустрации во стил на водени бои веќе се дел од нејзиниот вистински печат. Нив ги имплементира од хартија на кожа. Клиентите го обожаваат нејзиниот стил.
„Клиентите веќе ме знаат во кој стил работам, така што ме одбираат и само ќе ми речат: Сакам нешто во твој стил. Ова сакам, ама нешто во твој стил да биде, да не е некаква копија од интернет…“
За нејзиниот стил на тетовирање, таа вели дека е женствен, а нејзини клиенти главно се жени.
И како мајка, таа ги поседува сите квалитети што им се потребни на нејзините клиенти: негување, поддршка и внимание.
Сепак, живееме во време кога тетовирањето сè уште се смета за нешто што не е соодветно. Иако ова се менува постепено, тетовирањето исто така може да биде причина за стигматизирање кај жените, особено во конзервативните средини.
Ирина за „Утрински печат“ вели дека тие табуа за жените и мајките што не треба да бидат тетовирани, полека се кршат…
„Повеќе работам со жени, морам да признаам… и откако станав мајка, често и се поврзувам и со мајки, и многу ми се допаѓа затоа што се крши тоа табу дека мајките не треба да бидат тетовирани“, вели таа.
Во Скопје, како и во многу други градови во светот, жените што се тату артисти и истовремено мајки може да бидат стигматизирани поради својата професија. Но, за Ирина, тоа не претставува никаков проблем… Таа вели дека, досега, никогаш немала проблеми поради својот изглед и професија.
„Може некогаш некој на улица да направи некоја фаца, или да ме праша од кај ми се тетоваживе, колку пари биле и дали болело. Меѓутоа, во мојот живот тоа не влијаело никогаш лошо“.
Целиот разговор со Ирина Атанаскова погледнете го во видеото:
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Цел викенд јавноста се забавуваше со новиот билборд поставен на влезот во Скопје, со кој на граѓаните што влегуваа во главниот град, Градот Скопје им посакува добредојде. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ФИФА се подготвува за најголемата револуција во историјата на светските првенства 2 ВИДЕО | Поранешното момче на Тејлор Свифт …
Понекогаш постојат натпревари кои траат деведесет минути, понекогаш сто и дваесет, а понекогаш остануваат да траат засекогаш. Финалињата не се само битка за трофеј. Тие се пресметка меѓу две филозофии, две генерации и два сона. Светот доби нов шампион. Шпанија го освои Светското првенство, совладувајќи ја Аргентина со минимални 1:0 по продолженијата и со тоа …