ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Сотировски: Мора да има „Едно општество за сите“, сите споделуваме слични вредности

Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи меѓу верските заедници / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Колку вие ги гарантирате човековите права дозволувате можност некој да ги злоупотреби. Практично, некој низ превезот на човекови права може да влезе внатре. Инаку орган за верски субјекти е граѓанскиот суд во Скопје, изјави Даријан Сотировски директор на комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Тој смета дека досега во неговиот мандат немало предмет една вера да се фаворизира на сметка на друга.

„Секој мисли дека другиот е фаворизиран и дека е во поповолна положба. Но, ако ги видите од страна, свесни сте дека практично сите чувствуваат слични проблеми. И се трудиме да нема недоразбирања во таа смисла, повеќе или помалку успешно, но има задоволителни односи. Изминатата деценија постојано е со благ прогрес којшто е видлив. Изминатата година успешно формиравме прва група на пријателство помеѓу овие два субјекти. Со акцент на младата генерација на верски службеници, затоа што тука е иднината. Младата генерација верски службеници утре треба да работи со народот“, потенцираше Сотировски.

Тој додаде дека би било погубно верски службеник од една вера да нема телефонски број од свештеник од друга вера.

„На теренот забележителен е квантитет на верски храмови, наместо квалитет, односно полни храмови. Знам за повеќе случаи кога локалното население ја притиска својата верска заедница за да подигне верски храм, паѓа од горе надолу на терен таа одлука. Кога зборуваме за етничка припадност имаме во еден етникум и интер и интра религиски односи. Што се однесува до македонскиот народ, тој во доминантна мера е православен, но имаме и Македонци кои се од католичка и исламска вероисповед, од протестантска, тие не се помалку Македонци“, посочи Сотировски.

„На прашањето „Едно општество за сите“ мислам дека колку и да е станато флоскула којшто некој ја злоупотребува во јавниот дискурс, не е прашање можно ли е да има, туку мора ли. Јас мислам дека мора, не затоа што некој ни наметнал туку затоа што е потреба на сите нас што живееме. Мора да разбереме дека споделуваме слични вредности, намерно не велам исти, бидејќи културата обоила некоја нијанса на различност“, појасни Сотировски.

Тој во интервјуто за Слободен Печат заклучи дека тие што живееме на ова поднебје тука, најблиски сме едни на други.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот