ВИДЕО | Интервју со Атанас Атанасовски: Актерот треба длабoко да се вложи во материјата и улогата

“Атанас Атанасовски, Фотографија Драган Митрески „Слободно со Агнеса“
Атанас Атанасовски / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Глумата и актерството имаат неверојатна моќ да ги трансформираат луѓето и да ги воведат во светот на непознатото.

Секој актер ги истражува и им дава живот на различни ликови, што му дозволува да ги искаже своите најдлабоки емоции и искуства. Креативната слобода на сцената му овозможува да се искачува над секојдневниот живот и да го проширува својот свет на уметничкиот хоризонт.

Атанас Атанасовски, Фотографија Драган Митрески „Слободно со Агнеса“
Атанас Атанасовски / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Во македонската културно – уметничка сцена, го истакнувам Атанас Атанасовски како еден од актуелните млади актери во „Театар Комедија“, кој со својот шарм, хумор и харизма го освои срцето на македонската публика и се истакна во светот на стенд – ап комедијата.

Атанасовски е дипломиран актер на Академијата за драмски уметности, вработен во „Театар Комедија“, автор на емисијата „Најискрено“ со својот колега и добар другар Тино Костадиновски, со кој исто така имаат чести стенд – ап настапи и претстави, како, „Вардарски пастуви“, „Стјуардеси“, „Чао пријатно“, „Не сега драга“… Меѓу другото, тие се познати и како главни домаќини на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.

Атанасовски остварил значајни улоги и во филмовите „Тајна состојка (2017), „О љубов моја“ (2017), „Те дуа, жими сѐ“ (2023), „Сценариото“ (2023)

Атанас Атанасовски, Фотографија Драган Митрески „Слободно со Агнеса“
Атанас Атанасовски / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Зад маската на комичарот стои сериозен и посветен актер, кој го истражува секој аспект на своето занаетчиство. Атанасовски е вистински перформер кој секогаш се труди да ја насмее и расположи публиката со своите шеги.

За разликата помеѓу карактерот што го глуми и самиот себеси, Атанас вели:

„Зависи кој карактер го играм, има големи разлики. Некои карактери се многу поразлични од мене, некои се, пак, многу блиску до мене. Во глобала, тие што се поидиоти, се поблиску до мене“, вели Атанасовски на шега.

Атанас како татко на две деца, ни објаснува за улогата на родител за која вели дека го променила.

„Ги користам фразите: ‘Немој таму, немој тоа, струја е тоа… тоа е нож, не го земај, спиеме сега со мајка ти. Не го носи ножот во спална… и такви работи’“, вели тој за „Слободно со Агнеса“.

Атанас Атанасовски, Фотографија Драган Митрески „Слободно со Агнеса“
Атанас Атанасовски / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

За Атанас најголем подарок е аплаузот. Според него, аплаузот има најголема и најчиста вредност.

Инаку, еднаш неделно тој и колегата Тино изведуваат стенд – ап настапи. Атанас е комплетен автор на своите текстови.

„Немам време да вежбам сам, да си ја пробувам темата, туку само ја пишувам и ја пробувам пред публика. Немам драматург што доаѓа да ми пишува, да ми помага.“

Зборувајќи за аспектите на една добра актерска изведба, тој вели дека еден актер треба длабко да се вложи во внатрешноста на своето творење и да биде во материјата и улогата, како важен аспект во креирањето и изведбата.

Атанас Атанасовски, Фотографија Драган Митрески „Слободно со Агнеса“
Атанас Атанасовски / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Во продолжение, погледнете го целото интервју:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот