ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Рамадани: Вучиќ и Курти ги седнаа да се договорат, и Мицкоски ќе мора да ретерира, а не да се инаети

Исмаил Рамадани - Евро-Атлански совет / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред граѓаните првпат кажа дека пратеничката група нема да гласа за внесување на бугарското малцинство во Уставот, беше без размислување, но веќе му се испушти, рече Исмет Рамадани, политичар и аналитачар во гостувањето во емисијата „Утрински печат“. Според неговите информации Мицкоски на потоа на седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ бил многу критикуван од членството, зошто, како што рече „кога се цели на високо ниво, лествичката се подигнува многу горе, и после ретерирањето, за кое има обиди, многу е проѕирно“. Во партијата сепак постојат рационални политичари кои добро ја анализираат целата ситуација која настана потоа, рече Рамадани.

-И сега Мицкоски се наоѓа во една позиција кога ќе мора да ретерира. Тој не треба да смета на тоа да му дезертираат 5, 6 или 7 пратеници, туку најдобро е да го изгради ставот во партијата, да седне со парламентарната група и да се убедуваат, нека биде и жестока расправата, меѓутоа пред граѓаните, пред меѓународната заедница треба да излезат со некое алиби дека сепак успеале да добијат некакви гаранции, зошто се очекува сега посета на Макрон, ќе дојдат и други европски лидери. Може да оди и до лидерот на Народните партии во Европа. Но тој никаде не оди, само до Будимпешта. Треба да работи, ако е ексклузивен треба да биде и инклузивен со некои предлози кои одат во интерес на државата и во интересе на граѓаните, рече Рамадани.

Според него во услови кога Европа е обединета во поддршката на Украина по воената инвазија од Русија, инаетот и деструктивните ставови одат само на штета на државите и граѓаните.

-Мислам дека преголем е товарот за ВМРО-ДПМНЕ ако заедно со Левица го земе тој товар да го кочи патот, односно да ја кочи интеграцијата, членството во ЕУ посебно во овие политички контелации. Се обединува Европа, се обединува демократскиот свет. Во тоа обединување веќе многу се понаклонети да ни помогнат: Западен Балкан, регион… и не смееме ние да одиме со деструктивни постапки и за инает нема да гласаме зошто Бугарија ни прави проблеми, за инает нема да гласаме затоа што не` не прашаа овие од СДСМ или премиерот. Политичарот не смее да расудува многу во политички одлуки со инает, зошто со инает погрешни можат да бидат одлуките. Би ги советувал тие добро да размислат, зошто не верувам дека ќе можат да истраат во негација односно во тоа пшти се случува во регионот. Имаме пример кога еден Вучуќ, авторитарен во Србија, полека дури и со солзи во очите во неговиот парламент образложи каде што има опозиција дури и прерадикална, меѓутоа видел човекот дека нема чаре и тој вели за доброто на Србија за доброто на граѓаните. Истото му се случува на Албин Курти на Косово. На 27-ми ќе бидат таму, ќе прифатат еден компромис кој ќе им е пишан, ќе им се остави на маса, ќе потпишат најверојатно, рече Рамадани.

Тој се осврна на неконструктивноста на опозицијата во овој период во собранието како и на безидејноста на лидерот на опозицијата Мицкоски, кој, според Рамадани, има само преголема желба за власт.

-Не смееме да се однесуваме надвор од тоа што се случува околу нас, малку подалеку од нас. Зошто си лидер? Треба да имаш визија, треба да планираш што понатаму, што ќе стане со државата. Затоа што државата во изолација, државата во лоши односи со соседите, држава со лоши меѓуетнички односи и меѓупартиски, ова што се случува СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ, тоа не е добар пример во културна политичка комуникација и ако одиме со некој радикализам, односно со преголема желба за власт. И ова што се случува во Собрание со овие реплики, па се додава уште нешто, не е поигрување со тие што имаат мнозинство, со владата, тоа е поигрување со обичните граѓани. Мислам дека ако ти ги жалиш граѓаните дека има  поскапувања, дека има енергетски проблеми, економски проблеми, а ти, можеби вулгарен збор е „се зезаш“ во парламентот, бидејќи се гледа дека е поигрување со тие интереси кои се вистински на граѓаните, убеден сум дека ако ВМРО-ДПМНЕ не ги изгласа проментие во уставот, тогаш ќе се појави незадоволство кај граѓаните, незадоволство мислам и кај нивното члкенство и може да не помине добро на наредните избори.

Целото интервју со Исмет Рамадани погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот