ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Петар Георгиевски-Камиказа, музичар: Во 2024 ќе се кандидирам за претседател на државата

Петар Георгиевски / Фото: ''Слободен Печат'' - Драган Митрески

Данела не може да се справи со тие кои и помогнале да дојде на местото градоначалничка на Скопје. На пример, тоа нејзиното „рачето во медот“ стана хит. Но, еве, партијата што ја подржуваше излезе од медот и сега чие раче е во медот? – прашува популарниот Перо Камиказа.

Не се откажувам од политичките амбиции. Во 2024 година ќе се кандидирам за претседател на државата. На луѓето им се смачи од криминалци во политиката и ќе им дадам шанса да изберат чесен човек, вели Петар Георгиевски-Камиказа, музичар, „заштитно“ лице на групата „Меморија“ во интервјуто за „СлободнаТВ“.

– На локалите избори за градоначалник на Скопје ме поддржа само една помала политичка партија, истрчав без буџет, ме имаше само на три билборди, медиумите ме игнорираа, изборната битка меѓу големите етаблирани партиски сили беше нерамноправна и во такви услови освоив над 25.000 гласа. Тоа ми дава сила да не се откажувам од политиката – вели Георгиевски.

Зборувајќи за актуелната ситуација со блокадата на Скопје и политичките конфликти во градскиот совет Георгиевски вели дека не чувствува грижа на совест поради однесувањето на актуелната градоначалничка бидејќи таа ја немала неговата подршка за изборите.

– Состојбата во градот е многу комплексна. Малку вина има во градоначалничката Арсовска, малку вина има во партијата што ја поддржа да стане градоначалничка. Ако партијата или членови на партијата што ја подржуваа и ја финансираа нејзината изборна кампања, тогаш и нивните очекувања од неа се легитимни. Таа направи и уште прави грешки во чекори. Едноставно, Данела не може да се справи со тие кои и помогнале да дојде на местото градоначалничка на Скопје. На пример, тоа нејзиното „рачето во медот“ стана хит. Но, еве, партијата што ја подржуваше излезе од медот и сега – чие раче е во медот? – вели Георгиевски.

Поранешниот кандидат за градоначалник на Скопје раскажува дека прекарот Камиказа му останал од младешки денови.

– Се повредив на натпревар по гимнастика, продолжив да настапувам со две скршени ребра, освоив медал и инструкторот ме нарече „Камиказа“ и еве тоа остана до денес и засекогаш. А името „Меморија“ дојде спонтано, така се викаше еден тип синтисајзер што го користевме при снимањето на нашиот прв албум кој исто така го носи тоа име и еве ја култната „Меморија“ и денес, по цели три децении, ги полни салите на своите концерти – вели полпуларниот Перо Камиказа во интервјуто во кое зборува и за глумата, за поезијата и музиката, за творечките инспирации…

Повеќе од разговорот со Георгиевски погледнете во видеото во продолжение..

Видео на денот