ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Мирослава Бурнс, новинарка: Во Македонија не постои пример на судски докажана лекарска грешка

Наградата пред сè е еден голем кураж и мотив за дополнителни истражувања, вели новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс, која неодамна беше наградена од Европската Унија со второ место за најдобра истражувачка сторија.

Во студиото на Слободна ТВ, Бурнс повтори на сите детали за родилката од Дебар, Јилдз Веапоска, која по породувањето остана без три органи.

– Сторијата предизвика големо национално внимание, како што и доликува за еден ваков трагичен случај на македонскиот здравствен лавиринт. Оваа награда ќе допринесе во иднина да барам слични соговорници и слични стории и да им давам глас – вели Бурнс.

Иако случајот на Веапоска доби одличен третман од медиумите, а јавноста беше во детали запознаена со голготата на родилката од Дебар, сепак, случајот сè уште нема судска развршница.

– Во текот на случајот имаше неколку работи што се случија. Прво беше затворена дивата ординација на главниот лекар што ја извел операцијата, во семејна куќа во Струга. Потоа тој беше разрешен од позицијата директор на струшката болница, иако тоа се случи по неколкумесечен притисок на јавноста. Но, потоа следуваше скандалозната одлука, оврзана со Лекарската комора, која се прогласи за ненадлежна во овој случаја. 10 лекари држеа прес-конференција и не успеаја да објаснат како се случило крварењето кај родилката, тврдејќи дека се ненадлежни да утврдуваат лекарска грешка – додава новинарката на Слободен печат.

Бурнс открива дека Веапоска на крајот била приморана самата да се погрижи за правдата.

– Таа поднесе приватна тужба, а судот во Струга потоа му наложи на Институтит за Судска медицина да го испита случајот, што резултираше со обемен извештај во кој е евидентирана лекарска грешка – потсети таа.

Сепак, неизвесно е каков ќе биде епилогот на случајот со родилката од Дебар, бидејќи како што вели Бурнс, досега во Македонија не постои пример на судски докажана лекарска грешка.

Целото интервју погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот