ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Македон- деветгодишен мал генијалец по математика, се подготвува да студира на Харвард

Македон Димитровски е мал генијалец кој  носи медали од натпревари по математика каде и да се појави. Има капацитет на интелигенција од 140 и ништо не му е тешко кога е учењето во прашање. Зборува неколку јазици покрај македонскиот, а планира да студира на Харвард за неколку години. За „Слободен печат“ вели учествувал во натпревари по “математика без граници“ и се натпреварувал со 23.000 деца, од околу 29 држави, поделени во неколку групи и с еразбира севратил со медал.

-Овој натпревар за мене не беше толку тежок, а исто така ми беше многу интересен да го направам- вели Димитровски .

На прашањето што значи да си генијалец, тој одговара дека тоа многу му значи и дека многу работи. Успева да им помогне и на неговите другари и знае  многу работи на многу различни теми, математика, астрономија, историја, географија .

-Кога имав четири години, мојот коефициент на интелигенција беше 133, но сега е до 140 или 150. Кога имав четири години, мајка ми и татко ми ме ставија на ај-кју тест, тогаш откривме дека имам 133 коефициент на интелигенција, и од тогаш ми беше јасно колку сум паметен. Знам англиски, македонски, зборувам германски, албански и едно време дански. Планирам за три-четири години да одам во Харвард, каде што треба да полагам еден тест. За тестот ме подготвува ментор од Австралија- вели Македон.

До сега бил на шест или седум натпревари по математика од каде секаде се вратил со медал.

Целото интервју на колешката Агнеза Чаволи погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот