ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Калеска-Ванчева: НАТО И ЕУ се она што СДСМ ќе го понуди на граѓаните на овие избори

Снежана Калеска-Ванчева / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

СДСМ е партија која ја внесе земјава во НАТО и ги отпочна преговорите со ЕУ и тоа е она што граѓаните го знаат и треба да го знаат пред почетокот на овие избори, вели Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ во интервју за „Слободен печат“ на Слободна ТВ.

СДСМ е партија која ја внесе змејава во НАТО и никој не вели денес дека тоа беше погрешно, а бенефитите ги гледаме сите и тие се не само од безбедносен аспект туку и од политички. Тоа е партија која  ги отпочна преговорите со ЕУ без оглед што опозицијата тврди дека тие не се отпочнати.  Започнувањето на скриниг процесот е доказ за тоа- смета Калеска-Ванчева.

Во поглед на економијата, таа вели дека секогаш може повеќе, но СДСМ со начинот на кој се справи со пандемијатаи со економската криза  уште еднаш покажа дека нуди политики на здрава и стабилна економија.

Целото интервју на Зоран Иванов погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот