ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи Јанев: Три години по членството во НАТО исправноста на таа одлука ја согледуваме сега

Методиј Хаџи Јанев - професор / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Патот до членството беше долг и тежок, но не се откажавме во остварувањето на клучната стратешка цел. Иако македонската армија беше подготвена за влез во Алијансата уште во 2009 година, но поради блокадата од Грција бевме спречени, неколку години подоцна со тешки отстапки и дипломатски напори на политичарите за кои историјата ќе покаже дали биле исправни или не успеавме да станеме полноправна земја членка. Три години по нашето зачленување и исполнување на апсурдните барања, денес сепак ја разбираме важноста од членството во НАТО. Ова меѓудругото го изјави универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев при госутвање во емисијата „Утрински печат“.

– Не велам дека полтичарите имаа лесна работа. Ниту оние во минатото ниту за сегашните не можеме да констатираме дали носењето на одлуката била храбра и визионерска кога станува збор промената на уставното име. Она што тогаш се побара од нас беше апсурд за којшто немавме гаранции, слично како она што денеска го гледаме преку барањата на Бугарија за наш влез во ЕУ. Повторувам историјата ќе каже дали била оправдана одлуката за смената на името од една страна но и дали од друга стран тогашното западното раководство преку политики на латентното отргање на Македонија од евроатланските патеки допринесе тогаш да не влеземе во меѓународна воена алијанса. Повторувам амријата во 2009 година влезе во НАТО а неколку години подоцна поточно на 27 март 2020 година влезе и нашата политика во воениот сојуз – истакна Хаџи Јанев.

Професорот по меѓународно право на Воената академија, Методи Хаџи-Јанев посочи дека се уште постојат слабости поради кои земјава не успева до крај да ги искористи бенефититите од нашето членство.

– Членството во НАТО не подразбира само безбедност на една земја, туку тоа преставува интегриран систем или рамка за развој на целото општество. Тоа што ние како земја не успеваме наменската индустрија да ја операционализираме, односно немаме идеи и политики како да им помогнеме на приватниот сектор да ги искористи системите на НАТО тоа е наш проблем. Друг, дополнителен проблем е и фактот што цивилниот граѓанскиот сектор не успева да ги исползува вредностите од евро-атлантската заедница за кои во земјава се слеваат многу пари – рече Хаџи Јанев.

Запрашан што ќе значи остварување на зацртаната цел во наредната година а таа е зголемување на буџетот за одбраната да изнесува два проценти од БДП, Хаџија Јанев истакна дека безбедноста и мирот на една земја е скапа работа за која не треба да се штеди.

– Потребни се дополнителни форуми и работилници на кои како држава ќе им се објасни на граѓаните каде и како одат овие пари од буџетот кога станува збор финансирањето на армијата и нашето членство во НАТО. Иако министерството за одбрана во последните извештаи за транспарентност е најтранспрарентна институција во делот на расходите и работата на институцијата, сепак неопходно е да се информира дополнително населението дека предходните буџети на одбраната глобално биле наменети околу 90 отсто единствено за покривање на платите на вработените. Сега, а пропо нашето членство во НАТО тоа не е случај. Мораме да вложуваме во кадар, техника и нова опрема. Сето тоа впрочем се покрива со тие 2 отсто од буџетските пари за кои граѓаните по се изгледа не се доволно информирани каде на крајот завршуваат нивните пари – објасни Хаџи Јанев.

Професорот по меѓународно право понатаму во гостувањето зборуваше и за последните случувања на боиштата во Украина, посетата на кинескиот претседател Си Џипинг на Москва но и кои ќе бидат следните потези на Русите на фронтот.

Повеќе од разговорот со Хаџи Јанев погледеднете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот