Пјотр Зјелински/Inter FC

ВИДЕО | Интер лесно се справи со Каљари, Зјелински со атрактивен гол ја потврди победата

Интер сигурно маршира кон титулата во Серија А, откако вечерва без многу дилеми славеше со 3:0 против Каљари во рамките на 33. коло.

„Нераѕурите“ уште од првата минута ја наметнаа својата игра и беа поконкретниот тим, но мрежите мируваа во првите 45 минути.

Отпорот на гостите конечно беше скршен на стартот од второто полувреме, кога Маркус Турам го отвори резултатот. Само неколку минути подоцна, Николо Барела со втор гол практично ја реши дилемата околу победникот.

Конечните 3:0 ги постави Пјотр Зјелински во судиското продолжение со ефектен погодок, ставајќи печат на уште една убедлива вечер за Интер, кој сè поцврсто чекори кон шампионската титула.

Standings provided by Sofascore

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот