ВИДЕО | Игуаин во солзи: Го одигра последниот натпревар во кариерата

Гонзало Игуаин без дилеми е еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација, а изминатата вечер со солзи во очите кажа збогум.

Интер Мајами беше поразен во осминафиналето од плеј-офот против Њујорк Сити со 3:0 и овој пораз значеше крај на кариерата за Аргентинецот.

„Сега започнува мојот втор живот, завршив со тоа што најмногу го сакав уште како дете. Половина живот е зад мене и кариера од 17 години. Совеста ми е чиста и заминувам да уживам во нешто ново. Мојата сопруга, ќерката и семејството ме чекаат со нетрпение и затоа многу се радувам“, изјави Игуаин по натпреварот.

Кариерата Игуаин ја завршува на 34 години, а во неа играше во Ривер Плата, Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Челси и Милан. Во дресот на Аргентина одигра 75 натпревари и постигна 31 гол.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот