Instagram
Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Игор со дојрански будилник ја буди Илина: Дали ме сакаш или ме посакуваш…

Една од најсимпатичните и најинтересните двојки кај нас секако се Игор Џамбазов и Илина Арсова. Актерот и шоумен на својот профил на Инстаграм често објавува урнебесни шеги и досетки, нему својствени, а неретко неговите објави имаат и силна порака и наворучение.

На вљубените Игор и Илина очигледно една од омилените дестинации им е Дојран. Па така,  и вчерашниот ден, големиот празник Богојавление-Водици, Игор и Илина го поминаа во Дојран.

Игор објави на Инстаграм видео снимено покрај спокојот и убавината на Дојранското Езеро. Видеото е посветено на неговата сакана Илина, во кое тој на уникатен начин ја буди и повикува. И самата објава покрај видеото е единствена, како и самиот Џамбазов.

„Дојрански будилник за поспани скопјанки…@ilina_arsova“, напишал актерот покрај видеото во кое го пее рефренот од хитот на пејачката Калиопи „Дали ме сакаш“.

„Дали ме сакаш или ме посакуваш, ајде станувај Илина Арсова…“, ѝ пее Игор на својата сакана.

Под видеото се нижат коментари и од бројни наши познати личности, а се огласи и самата Калиопи.

Еден од коментарите гласи: „Само ако не си сварил кафе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот